Лазаров: Колку и да изгледа тоа тешко во моментов, можеме на СП!

Македонските ракометари продолжија со лошите игри и по првиот бараж дуел за СП во Франција, но и покрај поразот од Чешка, капитенот на нашиот национален тим Кире Лазаров е оптимист за пласман на СП.
„Како што знаете ова е бараж, на СП ќе оди подобриот по двата натпревари. Денес одигравме слабо во сите сегменти од играта, поразот боли, нема алиби за овој резултат, мораше и требаше да одиграме подобро. Но, мора што побргу да се консолидираме и да се обидеме да се пласираме во Франција, колку и да изгледа тоа тешко во моментов. Можеме во Скопје да ја добиеме Чешка со потребната разлика со што би продолжиле да настапуваме на големите настани", изјави Лазаров.

Селекцијата веќе денес се враќа во Скопје и од утре ги стартува подготовките за реванш мечот в среда, на кој избраниците на Червар ќе имаат пеколно тешка задача да ги анулираат шесте гола од Злин.
ФОТО: Филип Вирановски - www. gol.mk




