
Ова е шесто издание на final-four турнирот на Лигата на шампионите,а ниту една екипа до сега не успеала да учествува на сите претходни завршни турнири. Кил и Барселона беа многу блиску, но имаат по една елиминација во нокаут фазата. Клубовите од Германија се најчести гости во „Ланксес арената„.
Учесници на final-four (земји):
1. Германија 10
2. Шпанија 8
3. Полска 2
4. Унгарија 2
5. Русија 1
6. Данска 1

Учесници на final-four (клубови)
1. Барселона 5
2. Кил 5
3. Реновалиа Сиуда Реал (Атлетико Мадрид) 3
4. Хамбург 2
5. Веспрем 2
6. Киелце 2
7. Фуксе Берлин 1
8. Рајн Ловен Некер 1
9. Флензбург 1
10. Копенхаген 1
11. Чеховски медведи 1